Симеон Христов прво големо засилување на новиот Пелистер

Пелистер денес го претстави првото големо засилување, тоа е напаѓачот Симеон Христов кој доаѓа од ФК Гостивар.

Искусниот напаѓач има настапувано за ФК Вардар , ФК Работнички , ФК Македонија ЃП, ФК Тиквеш а пред 10 години ги бранеше и боите на ФК Пелистер.

„Благодарност до управата и до тренерот за довербата да бидам дел од тимот и се надевам дека сите заедно ќе успееме во зацртаната цел за влез во ПМФЛ. Ова е мое второ доаѓање во Битола и имам прекрасни спомени од тука. Ова е фудбалски град со голема традиција и навивачи кој заслужува место во ПМФЛ“, изјави Христов по потписот на договорот.

Пелистер сезонава не успеа да се врати во Првата лига и во Втората заврши зад Воска Спорт, Гостивар и Вардар на четвртата позиција. Неодамна на кормилото на битолскиот клуб пристигна искусниот стратег Влатко Костов.