Јуве одбил 60 милиони евра од Челзи за Влаховиќ

Челзи веќе дал понуда од 60 милиони евра до екипата на Јувентус за потписот на Душан Влаховиќ, но преставниците на „Старата Дама“ веднаш ја одбиле оваа понуда, јавуваат италијански извори.

Влаховиќ во Јувентус е од јануари минатата година. Договорот на играчот со составот од Торино истекува во летото 2026 година. Во сезоната 2022/23, Србинот одигра 42 натпревари во сите натпреварувања, постигна 14 гола и направи 4 асистенции. Според информациите, Јуве за негова слобода бара најмалку 75 милиони евра.