Аугсбург го отпушти тренерот Маасен

Германскиот клуб Аугсбург објави раскин на договорот со тренерот
на тимот Енрико Маасен.
„По првите седум натпревари и поразот на домашен терен од
Дармштад, одвоивме време да ја оцениме моменталната спортска
ситуација и развојот на нашиот тим. По отворените разговори со
Енрико Маасен, сметаме дека треба да го смениме главниот тренер. И
покрај сета нивна решителност и напорна работа, Енрико и тимот не
можеа да го променат трендот и да постигнат успех на теренот“,
изјави спортскиот директор Маринко Јурендиќ за официјалната веб-
страницата на клубот.
„Нормално, разочаран сум од оваа одлука, бидејќи сум убеден дека
заедно можеме да ја промениме ситуацијата. Благодарен сум на
Аугсбург и на управата на клубот што ми ја дадоа можноста да бидам
тренер во Бундеслигата. На клубот му посакувам се најдобро во
иднина и се надевам дека темелите што ги поставивме заедно ќе
помогнат да постигнат успех“, рече Маасен.