Филип Клемен е нов менаџер на Ренџерс
Шкотскиот великан Ренџерс официјално го објави наследникот на Мајкл Бил кој заработи отказ откако Абердин на Бојан Миовски славеше на „Ајброкс Парк“ со 3-1.
Составот од Глазгов се одлучи да му даде шанса на некогашниот белгиски репрезентативец Филип Клеман кој потпиша договор до 2027 година.
Последниот ангажман на Клеман беше во Монако, а претходно работеше во својата земја во Бриж, Васланд Беверен и Генк.
Ренџерс е во лоша позиција во домашниот шампионат каде по само осум кола има дури седум бода помалку од лидерот Селтик што значи дека Филип ќе има тешка задача да ја сврти ситуацијата во ова натпреварување иако има уште многу да се игра.
Прва средба за шкотскиот прволигаш по паузата е соочувањето со Хиберниан.