Чави предвидел дека тинејџерот ќе постигне гол и ќе донесе победа
Барселона настапи на мечот со Атлетик Билбао со доста изменет состав и без неколку стандардни стартери, па во таква ситуација, Чави Ернандес повторно мораше да се потпре на школата и да им даде шанса на играчи од „Ла Масија“.
Чави го продолжи трендот на промовирање на тинејџери. 17-годишниот Гују се претвори во топ тема во јавноста по натпреварот, а Чави образложи зошто го избрал него и откри што му порачал пред да влезе во игра.
„Помислив на него бидејќи има гол во себе, има искра во себе и тоа навистина ми се допаѓа. Немам проблем да се потпрам на децата од школата. Имаме талент, само треба да им се даде доверба и поддршка. Така беше со мене, така е и со новите играчи. Кога гледаме дека едно момче е подготвено за игра, го испраќаме на теренот.
Пред да влезе во игра, му кажав дека ќе има една шанса за гол и дека ќе ја реализира. Јас секогаш сум позитивен со играчите, а особено со младите, им давам поддршка пред да влезат во игра. Младите фудбалери се желни за докажување и подготвени за игра. Имаат храброст, а и ние имаме храброст да ги внесеме во првиот тм. Марк е фантастично момче, работи напорно и подготвен е да ни помогне кога ќе треба“, изјави Чави.