Постекоглу во проблеми, Ричарлисон мора на операција
По поразот од Челзи, тимот на Тотенхем доби уште една лоша вест. Бразилецот Ричарлисон ќе мора да оди на операција.
Освен што дефанзивците Ромеро и Удоги ќе бидат суспендирани, а повредени се уште Џејмс Медисон и Мик Ван Де Вен, сега на оваа листа се додаде и уште Ричарлисон.
„Претходните неколку месеци не беа лесни за мене, имав здравствени проблеми. По разговорот со докторите одлучив да одам на операција. Мислам дека е време за одмор“, порача Ричарлисон.
Бразилецот според најавите ќе биде надвор од теренот неколку месеци, па шанса веројатно ќе добие младиот Бренан Џонсон кој минатото лето пристигна од Нотингем Форест. Тотенхем во следното кол оод Премиер лигата в сабота од 13:30 часот му гостува на Вулверхемтпон.