Пеп загрижен: Стоунс и Аканжи се повредија на дуелот со Јанг Бокс

Дефанзивецот на Манчестер Сити, Џон Стоунс заработи нова повреда на вчерашниот натпревар со Јанг Бојс (3-0). Англискиот репрезентативец ги пропушти првите седум натпревари сезонава поради повреда на бутот, а вчера заработи повреда на мускулот која според Пеп Гвардиола ќе го оддалечи извесно време.

На натпреварот против Јанг Бојс повреда заработи и Мануел Аканжи.

„Ману има проблем со грбот. Се надеваме дека проблемот не е премногу голем и дека ќе биде подготвен за недела. Жал ми е за Џон Стоунс бидејќи тој е неверојатен професионалец и неговото отсуство ќе биде голема загуба. Тој е многу важен, но ќе се опорави и ќе се врати посилен“, коментираше Гвардиола.

Манчестер Сити влегува во многу важен период, во кој на „граѓаните“ им претстојат натпревари против Челзи, Ливерпул, Тотенхем и Астон Вила во Премиер лигата, како и меч со РБ Лајпциг.