Пепе го сруши рекордот на Тоти, стана највозрасен стрелец во ЛШ

Фудбалерите на Порто победија со 2:0 против Ројал Антверпен, а на тој меч легендарниот Португалец Пепе испиша историја.

Во судиското надополнување, Франциско Консеикао нафрли во шеснаесетникот, а Пепе погоди за конечни 2-0. Така со 40 години и 254 дена стана најстариот фудбалер кој постигнал гол во Лигата на шампионите.

Претходен рекордер беше Италијанецот Франческо Тоти, кој во 2014 година постигна гол во најсилното европско натпреварување со 38 години и 59 дена.