Џангаровски сменет, Грнчаров нов предводник на Македонија ЃП
По поразот од Воска Спорт екипата на Македонија Ѓорче Петров реши да се раздели со својот доскорешен тренер Тони Џангаровски, веднаш дојде информација кој ќе седне на неговото место на клупата на тимот од Ѓорче Петров.
Нов тренер на освојувачот на Купот ќе биде Бобан Грнчаров, 41-годишниот тренер кој имаше богата играчка кариера, како тренер работеше само на клупата на Вардар, меѓутоа сега ќе има тешка задача да избори опстанок со Македонија Ѓорче Петров. Се очекува популарниот Грне веќе денес да стави потпис на договорот со екипата од Ѓорче Петров.
Инаку, Грнчаров ќе биде трет тренер на оваа екипа сезонава. На почетокот тимот започна Горан Симов, меѓутоа пред четири месеци ја напушти функцијата. Негов наследник беше Тони Џангаровски кој тргна солидно, меѓутоа откако имаше шест порази во серија, пораше да си замине од оваа позиција.