Лига на шампиони, Баерн Минхен – Лацио

Тухел е под дополнителна пресија, бидејќи елиминација од Лацио за него ќе значи автоматски отказ.

Формата во која игра баварскиот гигант е ужасна. Екипата прима многу голови, а загуби и самодоверба за остатокот на сезоната. На Кејн и соиграчите очајно им треба една добра партија за враќање во ритам.

Сари не игра ултра-дефанзивно, но се предвидува дека Лацио ќе дојде во Минхен да го брани водството од 1-0 од Рим.