Шкупи – Тиквеш во борба за финалето на Купот на Македонија
Вчера во просториите на Фудбалската федерација беа формирани двојките за последниот елиминациски филтер пред големото финале во Купот.
Екипата на Воска ќе игра со „специјалистот“ во најмасовното клупско натпреварување, Македонија Ѓорче Петров додека во второто полу-финале ќе се сретнат Шкупи и Тиквеш.
Првите мечеви ќе бидат реализирани на 3 април а реваншите ќе бидат одиграни на 17 во април.