Дибала двапати по ред е играч на месецот во Серија А

Ѕвездата на Рома, Пауло Дибала е прогласен за најдобар играч во Серија А за месец февруари, објави Фудбалската лига. На Аргентинецот ќе му биде врачена наградата пред почетокот на неделниот натпревар меѓу Рома и Сасуоло на „Олимпико“.

Дибала го доби гласот на навивачите за наградата во силна конкуренција од Тун Копминерс (Аталанта), Рафаел Леао (Милан), Рикардо Орсолини (Болоња), Маркус Турам (Интер) и Душан Влаховиќ (Јувентус). Тоа е втора месечна награда за напаѓачот во тековната сезона, откако беше избран за број 1 во ноември.

Тој беше во голема мера одговорен за три од четирите првенствени натпревари на Рома освоени минатиот месец. 30-годишниот фудбалер постигна два гола во победата на Рома над Каљари од 4:0, постигна хет-трик во победата од 3-2 над Торино и имаше гол и асистенција во победата од 4-1 над Монца.

Не даде голови само во поразот од Интер од 2-4, а не играше ниту во победата од 3-0 над Фросиноне.