Одбиена жалбата на Папу Гомез за допинг скандалот

Жалбата на аргентинскиот репрезентативец Папу Гомез е одбиена, па така тој ќе мора да ја издржи суспензијата откако беше позитивен на допинг тест. Минатата година во октомври, Гомез доби суспензија од две години поради допинг.

Аргентинецот не се согласуваше со таа одлуак и испрати жалба, меѓутоа денес доби информација дека таа жалба е отфрлена.

Така Гомез ќе мора до крај да ја издржи суспензијата, а бидејќи има 36 години не е исклучена можноста и да објави крај на кариерата.