Нагелсман ќе остане селектор на Германија и по Европското првенство
Јулијан Нагелсман може да остане на кормилото на германската фудбалска репрезентација и по Европското првенство, доколку Бундестимот се претстави добро, изјави директорот на локалната федерација, Андреас Ретих во интервју за „Фокус“.
Ретих, сепак, не прецизираше кој пласман на Европското првенство за Германија ќе се смета за успешен.
„Јас не сум човек кој ќе зборува за пласман во моментов. Важно е да ги освоиме срцата на луѓето. Мислам дека нема да биде воопшто лошо. Сигурен сум само дека последното место во групата на домашниот Европското првенство ќе биде лош резултат“, изјави тој.