Италијанските гиганти лицитираат за дефанзивец на Борнмут
Милан и Јувентус водат голема битка за потписот на дефанзивецот на Борнмут, Лојд Кели.
Договорот на Кели истекува на крајот од оваа сезона, па споменатите клубови веќе започнаа преговори со неговиот агент. Двата клуба сакаат да ја засилат одбраната во летниот преоден рок, а на врвот на листата желби е токму Кели.
Кели игра одлично во Борнмут, а можноста да пристигне без обештетување го прави уште поатрактивен.