Салах сруши уште еден рекорд, го надмина Алан Ширер

Мохамед Салах е денешниот херој за Ливерпул. Тој постигна гол од
пенал и му донесе бод на својот тим против Манчестер Јунајтед во
ремито 2-2 на „Олд Трафорд“. Сепак, голот на Салах му донесе и
нови рекорди.
Египќанецот е играчот со најмногу голови против „црвените ѓаволи“
во историјата на Премиер лигата. Салах има 11 гола и со тоа го
престигна Алан Ширер кој има 10.
Тоа беше шести гол за Салах на „Олд Трафорд“, исто така рекорд.