Сити го договори трансферот на Пакета од Вест Хем

Манчестер Сити е силно заинтересиран за ѕвездата на Вест Хем и бразилски репрезентативец, Лукас Пакета.

Бразилецот одигра одлична сезона и Гвардиола се обиде да го донесе минатото лето, но Сити не беше спремен да плати 100 милиони фунти колку што бара Вест Хем. „Граѓаните“ не се откажуваат и повторно ќе се обидат да го донесат Пакета во летниот преоден рок, бидејќи е најголема трансфер желба на Гвардиола.

Англиските медиуми пренесуваат дека Сити веќе ги договорил личните услови со Бразилецот, кој инсистира да се пресели на „Етихад“,бидејќи сака да направи чекор напред во кариерата.