Роналдо најплатен спортист во светот во 2024 година

Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо го зазеде првото место во рејтингот на најплатените спортисти во светот според истражувањето на популарниот магазин „Форбс“, кое е направено за тековната 2024 година. Рангирањето може да се види на официјалната страница на магазинот и се заснова на пријавени приходи од договори, како во клубовите, така и од имиџ правата и од реклами.

Напаѓачот на саудиски Ал Наср за една година има заработено 260 милиони долари, од кои 200 милиони се неговата нето добивка во клубот, а останатите 60 милиони се од рекламни договори.

„Форбс“ забележува дека таква сума е вкупен рекорд за еден фудбалер, а самиот Кристијано Роналдо по четврти пат е на чело на рангирањето.

Роналдо и минатата година беше на врвот на оваа ранг листа со 136 милиони долари, а во 2022 година најмногу пари освои Лионел Меси.

Второто место меѓу најплатените спортисти сега го зазема шпанскиот голфер Џон Рам, чија заработка е во износ од 218 милиони долари.

На третото место е Лионел Меси. Фудбалерот на Интер Мајами може да се пофали со 135 милиони долари на сметките за годината.

Во топ 10 се најдоа и НБА играчот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс со 128,2 милиони долари, кошаркарот на Милвоки Бакс, Јанис Антетокунмпо со 111 долари, како и уште тројца фудбалери, еден кошаркар и еден НФЛ играч.