Анчелоти: На Клоп му се случи истата работа како и на Саки

Еден од најдобрите светски тренери, предводникот на Реал, Карло Анчелоти верува дека зад одлуката на Јирген Клоп да си замине од Ливерпул стои „преголемиот товар“ да се биде елитен менаџер.

Германецот го потврди своето заминување на почетокот на годината. Анчелоти го спореди неговото заминување со она на Ариго Саки, кој го напушти неизмерно успешниот тим на Милан во 90-тите со образложение дека  едноставно му е премногу напорно.

„Не гледам некоја посебна вест, ова отсекогаш била наша работа, но случајот со Клоп е значаен. Континуираниот притисок, товарот на одговорности стануваат прекумерни, а опсесијата те презема. Тоа се случи и со Ариго Саки“, објаснува Анчелоти.

Клоп замина од Ливерпул и најави најмалку едногодишна пауза од фудбалот.