Столе Димитриевски дебитира за Валенсија против Барса

Шпанската Ла Лига како и Премиер лигата претходно, го објави
распоредот за новата сезона, па така е познато дека Столе
Димитриевски ќе дебитира против Барселона.
Сезоната во Ла Лига започнува викендот 17/18 август и во првото
коло ќе има неколку интересни натпревари. Секако ќе биде
интересно да се види и првиот натпревар во Ла Лига за Килијан
Мбапе.
Реал Мадрид сезоната ја отвора против Мајорка. Димитриевски
со Валенсија ќе биде домаќин на Барселона, додека Атлетико
Мадрид ќе игра против Виљареал.
Барселона и Реал Мадрид во првото „Ел Класико“ ќе се соочат во првото коло кон крајот на октомври, додека второто е во месец мај.