Болоња прифати, Калафиори се сели во Арсенал за 50 милиони

Италијанскиот дефанзивец и член на Болоња, Рикардо Калафиори е пред трансфер во Арсенал.

22-годишниот стопер беше повикан во репрезентација после одличната сезоната и одигра одлично на Европското првенство.

Притоа, Калафиори беше еден од најдобрите поединци во италијанскиот тим, па дополнително го привлече вниманието.

Калафиори беше мета на сите поголеми италијански клубови, но Арсенал успеа да добие битката за неговиот потпис. „Топџиите“ постигнаа договор со Болоња за трансфер вреден 50 милиони евра, а во следните денови Калафиори ќе потпише четиригодишен договор.