Интер го претстави бесплатното засилување од Наполи

Управата на италијанскиот шампион, Интер, официјално го потврди доаѓањето на Полјакот Пјотр Зиелински, кој пристигнува во милано како слободен играч по истекувањето на договорот со Наполи.

Трансферот беше договорен уште пред половина година, но се чекаше почетокот на летниот преоден рок, а Зиелински стави потпис на договорот веднаш по завршувањето на неговиот настап на Европското првенство.

Се очекува Полјакот да биде големо засилување за ротацијата на Симоне Инзаги, затоа што има огромно искуство од настапите во Серија А. 30-годишниот Зиелински ја започна кариерата во Удинезе, а потоа за Наполи одигра 281 натпревар и постигна 37 голови. Во меѓувреме беше и на позајмица во Емполи, каде исто така бележеше одлични игри.

Соработката со „нероаѕурите“ е со траење до 2027 година, со опција за продолжување на договорот за уште една сезона.