Артета го сака Микел Мерино во Арсенал

Арсенал покажува силен интерес за играчот за врска на Реал
Сосиедад, Микел Мерино.
Артета сака да го засили средниот ред, а најголема желба е токму
Мерино, па веќе имал контакт со Шпанецот.
Мерино беше херојот на Шпанија на дуелот против домаќинот
Германија во четвртфиналето, кога постигна победнички гол во
119.минута.
Шпанските медиуми тврдат дека Мерино преферира трансфер во
Барселона, но Артета го убедува да се пресели во Арсенал. Се
очекува Мерино сигурно да го напушти Сосиедад ова лето, а
неговата цена изнесува околу 30 милиони евра.