Ибра го носи Самарџиќ во Милан

Лазар Самарџиќ минатото лето беше на чекор од трансфер во
Интер, а сега е пред трансфер во Милан.
Самарџиќ и оваа сезона игра одлично, а сега силен интерес за
него покажува Милан. „Росонерите“ веќе направиле првични
контакти со Удинезе и работат на трансферот.
Милан сака да ја победи конкуренцијата од Интер и Јувентус и да
го договорат трансферот што е можно побрзо.
Италијанските медиуми пренесуваат дека преговорите се во
напредна фаза и Удинезе за трансферот се очекува да добие
околу 15 милиони евра.