Пад од едно место за македонската селекција на ФИФА листата

Нашата најдобра фудбалска репрезентација се спушти едно место на новата ранг листа на ФИФА откако подолг период немаше активности.  Македонија сега го држи 72 место со 1348, 63 поени.

На врвот најмногу прогресираше новиот европски шампион, Шпанија. „Фуријата“ скокна големи 5 места и влезе во Топ 3. Пред неа се лидерот Аргентина и селекцијата на Франција.

Од четвртото до 10-то место се наредени: Англија, Бразил, Белгија, Холандија, Португалија, Колумбија и Италија.