Пливачот Фелпс е најдобар спортист на 21 век

Поранешниот американски пливач и светски рекордер Мајкл Фелпс е прогласен за најдобар спортист од почетокот на 21. век. ESPN состави листа на 100 најдобри спортисти од 2000 година, па досега.

За време на гласањето, од експертите било побарано да ги изберат најдобрите спортисти во нивниот спорт од 1 јануари 2000 година (постигнувањата пред овој датум не беа земени предвид). Учесниците во анкетата во неколку круга го избраа подобриот од двајцата именувани кандидати.

Како резултат на гласањето, беа составени списоци од 10-25 луѓе во секој спорт, кои беа вклучени во севкупните топ 100.

Покрај Фелпс, во ТОП 5 листата на најдобри спортисти во овој век се најдоа и  Серена Вилијамс (тенис), Лионел Меси (фудбал), Леброн Џејмс (кошарка) и Том Брејди (американски фудбал).