УЕФА ја објасни ждрепката за новата Лига на шампиони
Европската фудбалска куќа (УЕФА) го потврди она што долго време се најавуваше и воведе огромен новитет, кој без сомнеж ќе предизвика силни реакции кај јавноста.
Имено, станува збор за извлекувањето на групите за новото издание на Лигата на Шампионите, кое првпат ќе се игра во новиот формат.
Ждрепката би траела меѓу три или четири часа, бидејќи би требало да се искористат преку 1.000 топчиња и 36 садови.
Од УЕФА уверуваат дека со помош на компјутерот извлекувањето треба да трае 35 минути. Сепак, традиционалното извлекување треба да се користи во нокаут-рундите на елитното европско натпреварување.
УЕФА има договор со компанијата „Хертфордшир“ од Англија, која има понуда на компјутерска програма за решавање на комплексниот модел на ждрепката. Останува да се види дали истиот модел ќе се користи и во другите европски натпреварувања.
Секако дека ова ќе предизвика лавина реакции околу веродостојноста на компјутерското извлекување, бидејќи одлуката на УЕФА е во најмала рака контроверзна и нетранспарентна.