Аталанта го претстави Хуан Квадрадо

Искусниот колумбиски фудбалер Хуан Квадрадо оваа сезона ќе го носи дресот на Аталанта.

Колумбиецот ги поминал лекарските прегледи во Бергамо и како слободен играч ќе стави потпис на договор со Аталанта.

Квардадо може да биде одличнои решение за тренерот Џанпјеро Гасперини, како десно крило, во тројната бековска формација што ја наметна италијанскиот стратег. Негови конкуренти за позицијата ќе бидат Беланова и Запакоста.

Како играч на Интер, Квадрадо заработи повреда на Ахиловата тетива, поради која беше опериран во декември, па беше надвор од терените до април. Неговиот договор со шампионот на Италија истече на 30 јуни, а Аталанта го искористи тоа за да го доведе без обештетување.

Во Италија, Квадрадо играше уште за Удинезе, Лече и Фиорентина, а две години помина и во англиски Челзи. За репрезентацијата на Колумбија одигра 116 натпревари и постигна 11 голови.