Минатиов викенд во Битола се одржа спектакуларен баскет турнир.
Минатиов викенд во Битола се одржа спектакуларен баскет турнир во организација на Здружението за популаризација и промоција на кошарката „3×3 Basketball” и Општина Битола. Два дена додека траеше турнирот плоштадот Магнолија беше претворен во спортски терен на кој силите ги измерија повеќе екипи од Македонија и регионот. Овој спортски настан беше центар на одлична игра и забава кој предизвика големо внимание и интерес кај локалното население од сите генерации како и кај љубителите на кошарката. Секој натпревар беше исполнет со динамична игра, конкурентен дух и фер-плеј, а трибините беа преполни со енергични навивачи кои ги бодреа тимовите и придонесоа за позитивна атмосфера.
Тимовите учесници покажаа високо ниво на игра и страст, што донесе многу незаборавни моменти и извонредни баскет потези. Публиката уживаше во секоја секунда од натпреварите, а децата имаа можност да се инспирираат и да ги следат своите идоли. Победник на овој турнир беше екипата на Кино Влае од Скопје која ја однесе победата после финалната игра со екипата на Лесковац од Србија чии играчи покажаа одлична игра.
Компаниите Голд Фелиција, Евротип, Евротип Онлајн и Голд Слот кои се дел од КС Групацијата имаа чест да бидат спонзори на овој баскет турнир кој внесе живот на Плоштадот Магнолија каде сите генерации се забавуваа и уживаа во спортскиот дух.
КС Групацијата постојано ги поддржува спортските настани и манифестации и со гордост ги прифаќа сите повици за спонзорства. КС Групацијата преку својата прогама за опшествена одговорност не само што ги промовира здравите навики и активниот начин на живот, туку и ги поттикнува младите да се занимаваат со спорт што е од огромно значење за иднината на нашата заедница.