Харви Елиот се повреди, го чека пауза од неколку месеци

Фудбалерот од средниот ред на Ливерпул, Харви Елиот, заработи фрактура на стапалото додека го реализираше тренингот со „црвените“.

Според проценките, 21-годишниот играч ќе оди на рехабилитација најмалку до крајот на наредниот месец.

Елиот во првите три сезонски натпревари има поминато само 7 минути на теренот бидејќи новиот менаџер, Арне Слот, на неговото место го користи Доминик Собослаи.