Галатасарај сака да го позајми Елмас од РБ Лајпциг

Турскиот гигант Галатасарај влезе во трката за Елиф Елмас, пишуваат турските весници. Повикувајќи се на германски извори, информациите велат дека Галатасарај се обидува да го врати нашиот репрезентативец во Турција, каде Елмас претходно го носеше дресот на Фенербахче.

Галатасарај разговарал и со РБ Лајпциг околу можна позајмица во период од една година. Останува нејасно каков е ставот на „биковите“, но со оглед на тоа што Елмас тешко успева да се избори за минутажа во составот на бундестимот, позајмица до крајот на сезоната во екипата на Галатасарај и не изгледа како невозможна опција.