Конте: Лукаку е нашиот клучен човек сезонава

Тренерот на Наполи, Антонио Конте го пофали Ромелу Лукаку за неговиот настап во неделниот триумф над Каљари и рече дека белгискиот напаѓач е од суштинска важност за надежите на клубот за успех оваа сезона во Серија А.

Лукаку му се приклучи на Наполи откако поранешниот тренер на Интер и Челзи, Конте, го идентификуваше како клучна трансфер цел во летниот преоден рок. Белгискиот напаѓач имаше извонреден настап во победата од 4-0 против Каљари, придонесувајќи со еден гол и две асистенции во триумфот со кој Наполи се искачи на чело на табелата во Серија А.

„Секогаш велев дека го сакам Ромелу во Интер, го сакав и во Челзи пред да замине во Манчестер Јунајтед бидејќи е необичен напаѓач“, изјави Конте за „Скај Спорт Италија‘.

Наполи по воведните четири кола во италијанското првенство е лидер на табелата со девет бодови, пред гостувањето во Торино и дерби натпреварот против Јувентус на 21 септември.