Сити прокоцка 3-0, ПСЖ минимално загуби во Минхен

Ефикасно беше денешното коло во Лигата на шампионите, Арсенал и Баер Леверкузен дадоа по пет гола, Аталанта шест, претходно во денот Атлетико Мадрид исто така постигна шест погодоци, најнеефикасно беше на дербито на вечерта каде Баерн Минхен со 1-0 го совлада ПСЖ.

Баерн Минхен со гол на Ким Мин-Јае во 38. минута дојде до победа од 1-0. Во 57. минута Дембеле доби втор жолт картон, ПСЖ остана со фудбалер помалку, но Баварците не го искористија тоа да слават поубедлива победа.

Со резултат од 1-0 заврши и дуелот меѓу Интер и Лајпциг. Лукеба во 27. минута си даде автогол. Елмас поради повреда не беше дел од овој дуел.

Спортинг без Аморим не изгледа страшно, тоа го искористи Арсенал и до врв им ја наполни мрежата, топчиите победија со 5-1 во Лисабон.

Мартинели, Хаверц, Габриел, Сака и Тросар беа стрелци на головите за Арсенал, Инасио погоди за Спортинг.

Аталанта со 6-1 славеше на гостувањето кај Јанг Бојс. Ретеги и Де Кетеларе дадоа по два гола, Колашинац и Самарџиќ дадоа по еден.

Леверкузен со 5-0 го совлада Салцбург. Вирц даде два гола, по еднаш погодија Грималдо, Шик и Гарсија.

Вистински шок му се случи на Манчестер Сити кој со два гола на Халанд и еден на Гундоган водеше со 3-0 против Феенорд, но не успеа да погоди. Во последните 15 минути Феенорд со голови на Хаџ Муса, Хименез и Гонзалес дојде до неверојатни 3-3.

Барселона со два гола на Левандовски и еден на Олмо дојде до победа од 3-0 над Брест.