Јуриќ промовиран во нов тренер на Саутемптон
Саутемптон го официјализира новото тренерско име, а тоа ќе биде Иван Јуриќ.
Хрватскиот стратег кој доби отказ од Рома ја презеде клупата на премиерлигашот откако минатата недела отказ доби Расел Мартин. Саутемптон е последен на табелата, има само пет бода и борбата за опстанок ќе биде пеколно тешка.
Јуриќ доаѓа на „Сент Мери“ со солидно портфолио од калчото. Тој досега работеше само во Италија, најдобро се покажа во Торино и Џенова, а ги водеше уште Верона, Рома, Мантова и Кротоне.