Рома ја „потопи“ Парма во најдобриот натпревар со Раниери на клупата

Фудбалерите на Рома, во 17.коло го одиграа најдобриот меч во Серија од почеткот на сезоната. Предводени од Паоло Дибала, фудбалерите на Рома ја декласираа Парма со 5-0. Рома одлично влезе во натпреварот и поведе во осмата минута.

Судијата Марко Ди Бело покажа на белата точка по невнимателниот старт на Ботонд Балог, а Пауло Дибала ја презеде одговорноста и погоди од белата точка за 1-0.

Само пет минути подоцна, Римјаните успеаја да го удвојат водството, Анхелињо му асистираше на Алексис Салемејкерс, кој погоди за 2-0.

Парма имаше две убави шанси во вториот дел, но Миле Свилар добро интервенираше на голот на Рома. До крајот на првото полувреме Стефан Ел Шарави можеше дополнително да го зголеми водството на домашните во 44. минута, но неговиот удар го одбрани голманот.

Добрата игра на Рома продолжи и во вториот дел, а во 51. минута Дибала успеа да постигне уште еден гол за 3-0. Во 74. минута беше досуден уште еден пенал за Рома, а одговорноста ја презеде Леандро Паредес. Погоди и тој, а на семафорот стоеше 4-0.

Точка на натпреварот стави Артем Довбик во 83. минута на асистенција на Пауло Дибала.