Започнаа мундијалските подготовки, ракометарите заминаа за Стара Пазова

Ракометната репрезентација на Македонија утринава го имаше собирот за старт на подготовките за СП 2025. По собирот, македонската експедиција веднаш се упати за Стара Пазова, каде што ќе биде осум дена.

Според планот, на 30 декември нашите репрезентативци ќе ги завршат тренинзите во Србија, па по новогодишните празници вториот дел од подготовките ќе ги одработат во Македонија.

На 7 јануари следува пат за Хрватска, каде ќе се одигра пријателски натпревар против домаќинот на СП, и последниот дел од подготовките ќе биде одработен во Вараждин.

Македонија на ова СП е во група со Унгарија, Холандија и Гвинеја, а најдобрите три селекции ќе обезбедат место во главната рунда.

Селекторот Кирил Лазаров за СП 2025 се определи за 20 ракометари, а меѓу нив не се најдоа голманот Мартин Томовски и бекот Филип Талески.