Слот: Импресионан сум како игравме против Тотенхем
Тренерот на Ливерпул, Арне Слот е импресиониран од натпреварот со Тотенхем во 17. коло на англискиот фудбалски шампионат.
Ливерпул вчеравечер како гостин забележа победа со 6-3 зацврстувајќи се на првото место во премиерлигашкиот поредок.
„Навистина уживав во она што го гледав, особено во првиот час од натпреварот. Тотенхем има квалитетни фудбалери и знаат да казнат доколку им дозволите да го загрозат вашиот гол. Потребно е да се трча 90 минути, ова е Премиер лига. Видовте дека ниту водство од 5:1 не дозволува мирна завршница“, изјави Слот.
На табелата во Премиер лигата води Ливерпул со 39 бодови. Тотенхем е на 11. место со 23 бода.