Првиот човек на Интернационалниот Параолимписки Комитет гостин во Скопје

Во просториите на МОК, претседателот Даниел Димевски, оствари средба со Ендрју Парсонс. На истата беше потенцирана соработката помеѓу двата комитета и беа предложени идеи за аплицирање на заеднички проекти за афирмација на спортот на лицата со инвалидност преку програмата на Ерасмус+.

Претседателот на Македонскиот параолимписки комитет, Бранимир Јовановски им врачи плакети на гостите за долгогодишната успешна соработка на полето на развој на спортот на лицата со инвалидност, со надеж дека таа и понатаму ќе трае и ќе се надоградува.

Во „Јане Сандански“ на тренингот на кошаркарите во колички, Парсонс имаше можност да се запознае со активностите на параолимпискиот комитет и желбата еден ден тие натпреварувачи да заиграат во „NLB WILL“ Лигата.