Милан нема да го откупи Жоао Феликс, Галатасарај фаворит за неговиот потпис

Португалецот Жоао Феликс имаше добар почеток во Милан меѓутоа подоцна ги разочара навивачите и на „Сан Сиро“ не ги исполни очекувањата.

Феликс пристигна на позајмица од Челзи за која Милан палти два милиони евра, а иако по првите неколку натпревари веќе се размислуваше за откуп на неговиот договор ситуацијата набрзо се промени.

Сега во Милан веќе донеле одлука да не го откупат неговиот договор и се најавува каде би можел да продолжи.

Наводно, агентот на Феликс, Жорж Мендеш го известил Челзи дека Феликс има желба да продолжи во редовите на Галатасарај.

Турските медиуми пренесуваат дека веќе имало и први разговори кои биле позитивни.