Нотингем Форест спремен да плати богатство за Осимен

Англиски Нотингем Форест се вклучи во трката за потписот на нигерискиот напаѓач од екипата на Наполи, Виктор Осимен , кој моментално е на позајмица во Галатасарај.
Според информации од Островот, „шумарите“ имаат намера да платат 75 милиони евра за голгетерот на италијанскиот клуб за да ги победат Манчестер Јунајтед и ПСЖ во борбата за 26-годишниот нигериски напаѓач.
Галатасарај го донесе Осимхен на позајмица од Наполи во септември минатата година. Оваа сезона напаѓачот има 26 гола и пет асистенции на 30 натпревари во сите натпреварувања.