Фабрегас го презема РБ Лајпциг?

Шампионот од Светското првенство во 2010 година со шпанската фудбалска репрезентација, Сеск Фабрегас, е опција за тренерската позиција во РБ Лајпциг за следната сезона, пренесува германското издание „Лајпцигер Фолксцајтунг“, истакнувајќи ги добрите односи меѓу Фабрегас и еден од шефовите на Ред Бул, Оливер Минцлаф.

Двократниот европски шампион Фабрегас моментално е тренер на италијанскиот елитен клуб Комо.

Привремената тренерска позиција во РБ Лајпциг ја има Золт Лев, кој беше назначен по отказот на Марко Розе минатиот месец, но клубот е во потрага по нов тренер за претстојната сезона.

На листата на кандидати, според извештаите, се менаџерот на Кристал Палас, Оливер Гласнер, тренерот на Сент Паули, како и Роџер Шмит, кој моментално е без клуб.