Дончиќ: Лејкерси можат до шампионскиот прстен сезонава

Очекувајќи го стартот на плеј-офот, една од главните ѕвезди на ЛА Лејкерс, Лука Дончиќ вели дека Лејкерси имаат шанса да освојат титула оваа година.
„Мислам дека имаме одличен тим. Нашите момци се подготвени за борба. Сите се собраа и тимската хемија беше висока. Така што мислам дека сигурно имаме шанси“, изјави словенечката НБА ѕвезда.
Лејкерси во првата рунда од плеј-офот за противник го имаат тимот на Минесота. Првата средба е на програмата во недела.