Каиро уште не размислува за преодниот рок и откуп на Елмас

Торино вчера не успеа да ја победи Венеција на домашен терен, во натпревар од Серија А на кој нашиот репрезентативец Елиф Елмас повторно беше стартер и одигра цел натпревар за „биковите“.

Македонецот не успеа да реализира, но продолжува да покажува дека игра во одлична форма и се наметнува за останување во италијанскиот клуб и по крајот на сезоната.

Елмас дојде на заем од РБ Лајпциг, а претседателот на Торино, Урбано Каиро, синоќа зборувал за откупувањето на неговиот договор.

– Се уште е рано да зборуваме за преодниот рок, има време за тоа.

– Ми се допаѓа Елмас, има одличен втор дел од сезоната, постигнува голови, прави одлични потези и движења. Она што го сакам кај него е и специфичниот темперамент, па генерално имам само позитивно мислење за него како фудбалер, – рекол Каиро, кој навестува дека Торино ќе проба да договори целосен трансфер на Македонецот.