Еурофарм Пелистер е кадетски шампион на Македонија!

Со две победи во еден ден и со максимален учинок низ целата сезона Еурофарм Пелистер ја освои кадетската тутула шампион на Македонија. Денешниот фајнал-фор турнир во кадетска конкуренција што се одржа во салата „Автокоманда“ во Скопје донесе одличен и максимално неизвесен ракомет. На крајот, на титулата се радуваа кадетите на Еурофарм Пелистер откако битолчани во големото финале ја совладаа Струга со 38-31.
Стружани беа рамноправен противник само на стартот од финалето. Потоа „зелено-белите“ влегоа во ритам и почнаа да градат предност која беше недостижна за ривалот. На полувреме се замина со 18-11 за битолчани, а на стартот од вториот дел Еурофарм Пелистер поведе и со девет гола и стави крај на сите надежи на ривалот. Конечниот резултат од финалето беше 38-31 за битолскиот состав.
Најефикасни во победничкиот тим во финалето беа Трсунов со десети Данчевски и Ѓорѓиевски со по шест гола.
Во полуфиналето Еурофарм Пелистер по изведување на седмерци го совлада Мулти Есенс со 29-27 по седмерци, откако во регуларниот тек натпреварот заврши со резултат 26-26.