Шоу на Сорлот, Атлетико го прегази Реал Сосиедад

Атлетико Мадрид експресно ја заврши работата против Реал Сосиедад и со убедливи 4-0 забележа три бода на контото во 35. коло од Ла Лига.

Херој на вечерта беше Александер Сорлот, кој блесна со хет-трик уште во првите 11 минути, а потоа додаде и четврти гол пред да се наврши првиот половина час од натпреварот.

Се играше седмата минута кога Сорлот првпат ја затресе мрежата, а потоа следуваше вистинска норвешка бура – два гола во две минути (10’ и 11’) и историја: најбрз хет-трик во историјата на шпанската Примера. Во 30. минута, по убава акција и асистенција на Галан, Сорлот погоди за 4-0 и го заокружи спектакуларното прво полувреме.

Во вториот дел Атлетико ја намали брзината, а Сорлот беше блиску до петти погодок, но ја погоди пречката. Со оваа победа, „јорганџиите“ стигнаа до бројката од 70 бодови и математички си го обезбедија настапот во Лигата на шампионите. Реал Сосиедад останува на 43 бодови и се наоѓа на 12. позиција.