Гатузо заминува на крајот од сезоната од Сплит

Хајдук беше блиску, а сега е далеку од титулата во Хрватска.

Има три бода помалку од Риека, два од Динамо и само чудо во последните три кола може да ги одведе до титулата. Ѓенаро Гатузо го водеше овој тим цела сезона, а поради слабите резултати на крајот, титулата е далеку.

“Можеби се повторувам, но… Дојдов во овој прекрасен град со насмевка и така ќе биде и кога ќе заминам”, рече Гатузо.

“Овие 11 месеци беа тешки и во моментот кога ќе заминам многу ќе ми биде жал. Сретнав луѓе кои ми обележаа живот”, истакна италијанскиот тренер кој на овој начин го најави своето заминување.