Стратегијата на Артета заглавена: Напаѓачите премногу скапи за Арсенал

Арсенал ја оладил својата трка по напаѓачите Бенџамин Шешко и Виктор Ѓокереш поради, како што велат извори блиски до клубот, претерано високи трансфер-цени. Клубот не е подготвен да ги исполни барањата на  Лајпциг и Спортинг Лисабон, и досега нема поднесено официјална понуда за ниту еден од нив. 

Лајпциг наводно бара меѓу 80 и 100 милиони евра за Шешко, а Арсенал сè уште е во контакт со неговите претставници, но не постои договор околу личните услови. Сешко, кој има 22 години, се смета за долгорочна инвестиција, но цената во овој момент е премногу висока. 

Вниманието се префрли и кон Виктор Ѓокереш по силната сезона со Спортинг, но и тие преговори запнаа. Португалскиот шампион бара сума од 60 до 70 милиони евра – можеби и повеќе – што Арсенал не е подготвен да ја плати. Првата понуда од околу 55 милиони фунти беше одбиена, а во клубот владее разочараност од недостатокот на флексибилност во преговорите. 

Менаџерот Микел Артета е решен да го засили нападот пред новата сезона, со надеж дека ќе донесе звучно име кое ќе му помогне на тимот во битката за трофеи. Сепак, клубот внимателно ги анализира опциите, обидувајќи се да најде рамнотежа меѓу потенцијалот, веднашното влијание и финансиската издржаност. 

Доколку не дојде до пробив во преговорите, Арсенал е подготвен да се повлече од двата трансфери, освен ако условите не се променат. Можно е клубот да се насочи кон нови цели или да почека еден од клубовите да ги намали барањата. Во секој случај, Арсенал останува решен да донесе напаѓач кој ќе се вклопи во спортската визија и буџетот на тимот.