Само реми за Реал на дебито на Чаби Алонсо против Ал Хилал

Реал Мадрид и Ал Хилал, на „Хард Рок“ стадионот во Мајами, одиграа 1-1 во првиот натпревар во Х групата, на Светското клупско првенство. За Реал, поради болест не играше Килијан Мбапе, а дебитираа тренерот Чаби Алонсо, Хујсен и Александер-Арнолд. Голманот на Ал Хилал, Боно го обележа натпреварот, му одбрани пенал на валверде во 92.минута.
„Кралскиот клуб“ и Ал Хилал го одиграа најдобриот натпревар во досегашниот тек од клупскиот Мундијал. Двата тима пропуштија неколку добри шанси, на крајот ремито е најреален резултат.
Реал поведе во 34. минута по одлична тимска акција и голот на Гонзало Гарсија, но Саудијците израмнија седум минути подоцна, откако Рубен Невеш прецизно погоди од пенал.
Реал доби дискутабилен пенал во 92-та минута, но ударот на Федерико Валверде го одбрани Боно.