Мудрик паднал на допинг тест, го чека драконска казна

Михајло Мудрик, крилниот напаѓач на Челзи, е обвинет од Англиската фудбалска асоцијација (ФА) за прекршување на прописите за допинг и сега се соочува со долгорочна суспензија. Според правилата на ФА, Мудрик може да биде суспендиран до четири години откако минатата година дал позитивен примерок „А“, за кој се верува дека ја содржи забранетата супстанца за подобрување на перформансите, мелдониум.

„Дејли мејл“, претходно оваа година објави дека нелегалната супстанца мелдониум што ја користеле советските супер војници била пронајдена во крвта на еден Украинец. Станува збор за еден тон супстанци што биле увезени во Русија за потребите на руската армија, а низ историјата руските спортисти биле обвинети за користење на оваа дрога.

Мудрик беше привремено суспендиран додека тој и Челзи ги чекаа резултатите од примерокот „Б“, а ФА сега потврди дека е обвинет.

„Можеме да потврдиме дека Михајло Мудрик е обвинет за прекршување на антидопинг правилото, поради присуство и/или употреба на забранета супстанца, во согласност со Правилата 3 и 4 од антидопинг прописите на ФА. Бидејќи случајот е сè уште во тек, во моментов не сме во можност да коментираме понатаму“, изјави портпаролот на ФА за „Телеграф“.