Куртоа добива нов договор во Реал Мадрид

Реал Мадрид подготвува нов договор за Тибо Куртоа, со цел да го задржи на „Сантијаго Бернабеу“ до 2028 година, пренесува шпанскиот весник „АС“.

Иако актуелниот договор на 33-годишниот голман е со важност до 2026 година, клубот е подготвен да му понуди продолжување на соработката за уште две години.

Разговорите со белгискиот чувар на мрежата се очекува да започнат по завршувањето на Светското клупско првенство.

Оваа одлука претставува отстапување од вообичаената практика на клубот, кој ретко нуди долгорочни договори на фудбалери постари од 30 години.